Official texts

Eng. / Fr. / Mac.

Односите на НАТО со Поранешната Југословенска Република Македонија1




НАТО и Поранешната Југословенска Република Македонија1 активно соработуваат во разновидни области, а особено во областа на одбраната и на реформата на безбедносниот сектор, како и на поддршка за пошироката демократска и институционална реформа. Земјата стана членка на Акциониот план за членство (АПЧ) во 1999 година и има аспирации да се приклучи кон Алијансата.

АПЧ е практична манифестација на политиката на НАТО на „отворена врата“. Всушност, тоа претставува рамка преку која сојузниците обезбедуваат совет, поддршка и практична помош за земјите аспиранти со цел да им помогнат да се подготват за членството во НАТО.

Покрај главното фокусирање на реформа, следната важна област на соработка е поддршката од земјата за операциите под водство на НАТО. Поранешната Југословенска Република Македонија1 со години наназад, како држава домаќин обезбедува драгоцена поддршка за трупите на Косовските сили (КФОР) коишто транзитираа низ земјата. Земјата исто така учествува во Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ) во Авганистан.

На Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година, Сојузниците оддадоа признание на заложбите и посветеноста на поранешната југословенска Република Македонија1 кон НАТО стандардите и операциите на Алијансата. Тие се договорија поканата  поранешната југословенска Република Македонија1 да и биде упатена веднаш откако ќе биде изнајдено заедничко прифатливо решение со Грција околу прашањето за името на државата.

Како се спроведува соработката во практика?

Поранешната Југословенска Република Македонија1 ги постави своите реформски планови во рамките на АПЧ, а роковите ги утврди со Годишната национална програма (ГНП). Клучни области се реформи во политичкиот, воениот и безбедносниот сектор. Главни приоритети се напорите да се задоволат демократските стандарди, поддршка за намалување на корупцијата и борба против организираниот криминал, судска реформа, подобрување на јавната администрација и промовирање на добрососедски односи. НАТО сојузниците даваат коментари за предвидените реформи и ја оценуваат нивната имплементација.

Повеќе...

Како се развиваа односите?

Односите меѓу НАТО и Поранешната Југословенска Република Македонија1 датираат од 1995 година, кога земјата се приклучи кон Партнерството за мир (ПзМ); по што во 1997 година следеше членство во Евроатланскиот партнерски совет (ЕAПС). Односите се зацврстија за време на Косовската криза во 1999 година кога Поранешната Југословенска Република Македонија1 беше клучен партнер во давањето поддршка на операциите на НАТО, а Сојузничките сили беа распоредени во земјата за да се запре ширењето на конфликтот и за да се овозможи хуманитарна помош за бегалците од Косово.  Истата година, Поранешната Југословенска Република Македонија1 стана членка на Акциониот план за членство.

Повеќе...
  1. Турција ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име